Европарламентарците денеска ќе гласаат по двете инцијативи за изгласување недоверба на Европската комисија со која раководи на Урсула фон дер Лајен. Иницијаторите за смена на фон дер Лајен истакнаа дека нејзина смена нема да ја уништи Европа, туку ќе ја спаси. Тие оценуваат дека сега Европската Унија се движи брзоплето и безглаво без да знае каде оди бидејки има лошо раководство
За да бидат прифатени, иницијативите треба да добијат поддршка од најмалку две третини од пратениците што ќе учествуваат во гласањето, при што бројот на оние што гласале „за” треба да е поголем од половина од вкупниот број европратеници или во моментов најмалку 360 гласа. Ова е второ гласање за недоверба на фон дер Лајен која има се послаба подршка меѓу европратениците.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
