Франција оди кон предвремени избори. Државата која е еден од столбовите на ЕУ веќе подолго време е во политичка криза а нивниот последен премиер траеше само два дена. Францускиот претседател Емануел Макрон размислува за распуштање на Националното собрание и распишување предвремени парламентарни избори, можеби веќе на 16 и 23 ноември, објави „Франс 24“. Во меѓувреме во оваа држава економската ситуација се влошува, растот за 2025 година е проектиран на само 0,8%, а кризата може дополнително да го намали за 0,5 процентни поени. Се погласни се барањата од опозицијата но и од дел од јавноста и претседателот Макрон да си поднесе оставка, бидејќи неговата политика не носи добро за Франција.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
