„Кандидатот на СДСМ, Филипче и Заев – Стевчо Јакимовски ветуваше зеленило, а го бетонизираше Тафталиџе со десетканици. Токму ваквите згради зад мене се причината и заради која СДСМ, Филипче и Заев го поддржуваат Јакимовски и се во тајна коалиција со него, пуштајќи го нивниот партиски кандидат низ вода“, изјави денеска носителот на кандидатската листа за советници во скопски Карпош Христо Саракинов.
Јакимовски, како што кажа Саракинов, во својата изборна програма од 2021 година ветил ни помалку ни повеќе туку 250.000.000 м2 нови зелени површини во општината, а четири години потоа во Карпош не само што нема нови зелени површини, туку и постоечките се уништени, не се одржуваат, а наместо зеленило има десеткатници каде вообичаено би требало да има куќи за индивидуално домување или помали згради.
„Ова овде зад мене е дел од Тафталиџе, кое некогаш беше најмирната населба во Карпош, сега е пренатрупана со згради вез никаков план за хумано живеење. Вака изгледа кога профитот ќе се стави пред хуманото урбано живеење“, додаде Саракинов.
ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ
Додади Коментар

