Во Минхен, двете писти на аеродромот повторно се затворени вечерва, помалку од 24 часа по претходното затворање, поради нова појавата на неидентификувани дронови. Пилот на лет кон Лондон им соопштил на патниците дека се видени дронови и дека полицијата активирала хеликоптери во воздух. Претходно, синоќа, 17 полетувања беа откажани, а 15 пристигнувања пренасочени кон други градови како Штутгарт, Франкфурт, Виена и Нирнберг, заради безбедносни мерки. Околу 3.000 патници биле погодени од прекините, а некои морале да останат на аеродромот преку ноќ. Германските власти покренаа темелна истрага за потеклото и идентитетот на дроновите.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
