Jавното обвинителство на Република Македонија и Транспаренси Интернешнл-Македонија потпишаа Меморандум за соработка со цел зајакнување на соработката од областа на борбата против корупцијата и организираниот криминал. Како што информира државното обвинителство, целта на документот е да „овозможи заедничко дејствување во насока на зголемена ефикасност на борбата против корупцијата и организираниот криминал, како и заемна размена на податоци, искуства и експертиза”.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
