Најголемиот буџет од 8 илјади евра досега за Еразмус+ програмата. Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски на денешниот настан на Економскиот факултет, во организација на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност – Еразмус+, на кој беа објавени програмските приоритети за 2026 година.. Додаде дека во финансиите е вклучена и државата.
За 2026 година е обезбеден најголемиот буџет во оваа финансиска рамка во вкупен износ од над 8 милиони евра, изјави премиерот Христијан Мицкоски по посетата на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност – Еразмус+.
Вели дека ова значи целосен и рамноправен пристап до сите активности и можности што ги нуди програмата, исто како и земјите членки на Европската Унија.
-Ова не е симболика, ова е суштинска, практична европска интеграција преку образование, млади и знаење. Ова е порака дека инвестираме во знаење, во младите и во европската иднина на Македонија – истакна Мицкоски.
