Основното јавно обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје вчера достави Обвинителен акт против 10 лица за злосторничко здружување и Обвинителен предлог против уште 11 физички и 4 правни лица.
Српски државјанин во спрега со службеници од Регионалната дирекција на УЈП во Скопје во текот на 2023 година создал криминална група која имала за цел вршење на кривични дела Даночно затајување, Даночна измама, Перење пари и други приноси и Злоупотреба на службена положба и овластување, соопшти Обвинителство.
Во период од 2023 до 2025 година на групата се приклучиле и други сопственици, управители и вработени во правни лица во Скопје и Гевгелија.
На српскиот државјанин кој е првообвинет во случајот, двајцата службеници од УЈП му овозможиле да затаи данок во вкупен износ од 16 782 519 денари.
Останатите осомничени сопственици и управители на правни лица по основ на поврат на ДДВ го оштетиле државниот буџет за 33 620 551 денари.
Седуммина од обвинетите веќе се во притвор, а на српскиот државјанин преку меѓународна правна помош му се замрзнати имотот и сметките, а по завршувањето на завршување на постапката согласно меѓународното право, Обвинителството од српските власти ќе бара и конфискација на имотот.

