Дваесет и осумгодишна жена од кочанското село Тркање е тешко повредена, а тригодишно дете се здобило со телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на патниот правец меѓу Облешево и Кучичино.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена вчера во 09:55 часот во ОВР Кочани.
Како што информираат од МВР, А.Ј. (28), управувајќи мопед, во еден момент изгубила контрола над возилото и паднала на коловозот. Со неа како сопатник се превезувало и тригодишното дете.
Во падот, жената се здобила со тешки телесни повреди, додека кај детето биле констатирани телесни повреди. Двајцата биле прегледани и згрижени во Клиничката болница во Штип.
На местото на несреќата увид извршила екипа од ОВР Кочани, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
