Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира Автомото сојузот на Македонија.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а поголема фреквенција на возила се забележува и на граничните премини.
На граничниот премин „Богородица“ за излез од државата се чека околу 30 минути, додека за влез времето на задржување е околу 15 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од АМСМ апелираат возачите да ја прилагодат брзината на движење, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да управуваат со возилата, особено на делниците каде постои можност од појава на одрони.
Посебно внимание се препорачува на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, каде поради конфигурацијата на теренот може да има зголемен ризик од одрони.
