Земјотрес со локална магнитуда од 3,3 степени според Рихтеровата скала денеска во 14:04 часот е регистриран во Преспанското епицентрално подрачје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Според сеизмолозите, епицентарот се наоѓал на околу 127 километри југозападно од Скопје.
Потресот бил почувствуван во југозападниот дел од државата, особено во Битола и околните населени места, со интензитет од III до IV степени според Европската макросеизмичка скала.
Од Сеизмолошката опсерваторија ги повикаа граѓаните кои го почувствувале земјотресот да се јават на бројот 112, со цел прибирање дополнителни информации за потребите на сеизмолошките истражувања.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
