Земјотрес со јачина од 3,1 степен според Рихтеровата скала утрово во 08:34 часот е регистриран во Босна и Херцеговина, во поширокото подрачје на Горажде.
Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот бил во близина на местото Ковачи, на длабочина од околу 10 километри.
Потресот е лоциран на координатите 43,6895 степени северна географска ширина и 18,7915 степени источна географска должина.
Засега нема информации за повредени лица или причинета материјална штета, а надлежните институции ја следат состојбата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
