Претседателот на Володимир Зеленски изјави дека се постигнати историски договори со земјите од Заливот, со кои се отвора нова фаза во соработката на Украина со регионот.
Договорите, според него, се однесуваат на долгорочна стратешка соработка, особено во областа на безбедноста и новите технологии. Дел од нив вклучуваат и размена на искуства и развој на системи поврзани со беспилотни летала.
Зеленски потенцира дека Украина повеќе не е само примател на помош, туку станува важен партнер кој нуди конкретни безбедносни решенија на меѓународно ниво.
Соработката со земјите од Заливот опфаќа и можни испораки на напредни технологии, вклучително и поморски и воздушни дронови, што ја нагласува растечката улога на украинската одбранбена индустрија.
Овие договори доаѓаат во период на засилени безбедносни предизвици, при што новите технологии, особено дроновите, имаат сè поголемо значење во современите конфликти.
