Здружението „Градиме иднина“ од Скопје, во соработка со Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика, бара спроведување на акцискиот план за отстранување на питачите од улиците и посериозен пристап кон решавање на проблемот.
Од здружението посочуваат дека питачењето е долгогодишен проблем и бараат редовни теренски контроли од полицијата, со цел отстранување на питачите и лицата кои чистат стакла на раскрсници.
Информираат дека во изминатиот период биле отстранети питачи од повеќе локации во Скопје, меѓу кои Железничката станица, крстосниците на булеварот „Партизански одреди“ и кај „Сити мол“. Активностите ќе продолжат во повеќе општини и градови низ државата, а дописот ќе биде доставен до Владата, МВР, МТСП и обвинителството.
