Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Завршени се 98% од проектот за водоснабдување, информираа од гостиварски „Комуналец“
    Република

    Завршени се 98% од проектот за водоснабдување, информираа од гостиварски „Комуналец“

    27/07/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    ЈП „Комуналец“ – Гостивар до медиумите испрати и фотографии и видео материјали од проектот

    Јавното претпријатие „Комуналец“ од Гостивар, тврди дека проектот за реновирање на градскиот водовод, финансиран од Швајцарскиот државен секретаријат за економски прашања – SECO и Германската развојна банка – KfW е околу 98 проценти готов.

    По написите во дел од медиумите дека проектот пропаднал, од „Комуналец“ тврдат дека не е така и дека за тоа поседуваат документација.

    „Градежните и техничките работи не ги изведуваше ЈП ‘Комуналец’, туку договорно ангажирани изведувачи, согласно одобрена проектна документација и под двоен стручен надзор. Според документацијата и информациите со кои располага ЈП ‘Комуналец’, околу 98 проценти од предвидените работи се реализирани и тестирани. За изведените активности постојат технички записи, извештаи и видео документација. Поради тоа, не е основано целиот проект да се прикажува како нереализиран или како инвестиција без резултат“велат од ЈП „Комуналец“ – Гсотивар.

    Оттаму тврдат дека две години чекаат одобрение од Јавното претпријатие за државни патишта, за да се направат уште 600 метри од трасата, што би значело целосно поврзување на системот.

    „За целосно оперативно поврзување на системот останува да се изведат работи на околу 600 метри од трасата, на дел за кој е неопходна согласност од Јавното претпријатие за државни патишта. Иако барањето за согласност е поднесено пред околу две години, таа сè уште не е издадена. Без ова одобрение, не постои законска можност да се продолжи со изведбата на тој дел од трасата. Овој факт е суштински за разбирање зошто системот сè уште не е целосно ставен во функција. Затоа е потребно јасно да се разграничи изведбата на проектот од административните и институционалните пречки што го одложуваат неговото завршно поврзување“,велат од претпријатието.

    Од ЈП „Комуналчец“ посочуваат дека претпријатието е подготвено на надлежните институции, ревизорските тела и истражните органи да им ја стави на располагање документацијата со која располага.

    „Доколку постои сомневање за пропуст, неизвршена обврска или ненаменско трошење средства, тоа треба да се утврди во стручна и законска постапка, со прецизно утврдување на одговорноста на секој учесник во проектот. Во момент кога граѓаните со право бараат сигурно водоснабдување и јасни одговори, најважно е јавната дебата да се води врз основа на документирани факти, а институциите да се насочат кон отстранување на преостанатите пречки и целосно ставање на системот во функција“,се вели во соопштението.

    Поврзани вести:

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    Европска младинска картичка за младите и нови поволности од локалните самоуправи

    Европска младинска картичка за младите и нови поволности од локалните самоуправи

    Како до реформа на државната управа по мерка на граѓаните

    Како до реформа на државната управа по мерка на граѓаните

    Државна лотарија постапува по забелешките на Државниот завод за ревизија, затворени спорните друштва

    Државна лотарија постапува по забелешките на Државниот завод за ревизија, затворени спорните друштва

    Осум нови случаи на ХИВ/СИДА регистрирани во Македонија во септември

    Осум нови случаи на ХИВ/СИДА регистрирани во Македонија во септември

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    21/10/2026

    Градежната фирма што вршела зафати во „Пулс“ не се појави во судница

    21/10/2026

    Европска младинска картичка за младите и нови поволности од локалните самоуправи

    21/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.