Два автомобили биле опожарени во раните утрински часови во скопската населба Бутел, а едното возило е во сопственост на скопскиот адвокат Асмир Алиспахиќ. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека пријавата била примена околу 2:20 часот, по што на местото веднаш излегла увидна екипа. Во пожарот биле зафатени автомобил „пасат“ со скопски регистарски таблички и „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на двајца жители на Скопје.
Засега не се познати причините за пожарот, ниту дали станува збор за намерно подметнување. Полицијата извршила увид и презема мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сторителите. Според досегашните информации, нема повредени лица, а истрагата е во тек.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
