Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Западно-нилската треска годинава надмина 56 случаи, повеќе отколку во 15 години
    Република

    Западно-нилската треска годинава надмина 56 случаи, повеќе отколку во 15 години

    05/09/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Во Македонија од почетокот на годинава досега се регистрирани 56 случаи на западно-нилска треска, што е повеќе од вкупниот број случаи евидентирани во периодот од 2011 до 2025 година.

    Според најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), најпогоден е скопскиот регион, а најголема концентрација на заболени има во општините Кисела Вода и Гази Баба.

    Од вкупно 56 регистрирани случаи, 52 се лабораториски потврдени, а четири се водат како веројатни. Дури 54 заболени се жители на Скопје, додека по еден случај е пријавен во Велес и Куманово. Повеќето случаи се автохтони, а само еден пациент имал историја на патување во Грција, но периодот на инкубација опфаќал и престој во Македонија.

    Болеста најчесто ги погодува повозрасните лица. Од заболените, 44 се мажи, односно 78,7 проценти, а 12 се жени. Најголемиот број пациенти – 45 лица – се постари од 60 години, а просечната возраст на заболените изнесува 65,8 години.

    Најголем број случаи се регистрирани во летниот период. Кај 36 пациенти симптомите започнале во август, кај 17 во јули, два случаи се појавиле во јуни, а првиот случај годинава бил евидентиран со почеток на симптомите на 12 мај.

    Од вкупниот број заболени, 54 пациенти развиле невроинвазивна форма на болеста и сите биле хоспитализирани. Најголем дел од нив биле лекувани на Инфективната клиника во Скопје.

    Шест пациенти починале од последиците на болеста, а сите биле мажи со просечна возраст од 73,2 години. Леталитетот кај потврдените случаи изнесува 10,7 проценти.

    Центарот за јавно здравје Скопје на 11 август прогласи епидемија на западно-нилска треска во општините Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром и Бутел. Според анализите на ИЈЗ, најголем број заболени има во Кисела Вода, особено во подрачјето на Драчево, како и во Гази Баба, каде случаите се почести во руралните средини.

    Западно-нилската треска за првпат во Македонија е регистрирана во 2011 година. До крајот на 2025 година биле потврдени 54 случаи и пет смртни случаи. Само годинава бројот на заболени достигна 56, што значи дека речиси половина од сите случаи регистрирани во земјава од 2011 година досега се појавиле во 2026 година.

    ИЈЗ препорачува граѓаните да преземат мерки за заштита од убоди од комарци, како отстранување на застоена вода од садови, саксии, буриња, канти и стари гуми, редовно чистење на олуците и одржување на базени и други водни површини.

    Од Институтот потсетуваат дека ширењето на вирусот не може однапред точно да се предвиди, па личната заштита од комарци останува најважна превентивна мерка во текот на целиот период на нивна активност.

    Поврзани вести:

    Сиљановска-Давкова им ги врачи „Инженерскиот прстен“ на 14 најдобри дипломирани инженери

    Сиљановска-Давкова им ги врачи „Инженерскиот прстен“ на 14 најдобри дипломирани инженери

    Денеска сончево, температури до 37 степени

    Денеска сончево, температури до 37 степени

    Муцунски со порака од Киев: Границите не смеат да се менуваат со сила

    Муцунски со порака од Киев: Границите не смеат да се менуваат со сила

    Над 1.800 барања за ин витро за една година, 237 семејства добија право на четврти до шести обид

    Над 1.800 барања за ин витро за една година, 237 семејства добија право на четврти до шести обид

    ЦУК: Во Македонија регистрирани 31 пожар на отворен простор, еден сè уште активен

    ЦУК: Во Македонија регистрирани 31 пожар на отворен простор, еден сè уште активен

    Сончево и топло време денеска, температурите ќе достигнат до 33 степени

    Сончево и топло време денеска, температурите ќе достигнат до 33 степени

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Сиљановска-Давкова им ги врачи „Инженерскиот прстен“ на 14 најдобри дипломирани инженери

    05/09/2026

    Денеска сончево, температури до 37 степени

    05/09/2026

    Муцунски со порака од Киев: Границите не смеат да се менуваат со сила

    04/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.