„Вистинското лице на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, излегува на површина. Тој е во служба на СДСМ и Левицата и одработува за нивни интереси наместо, во согласност со неговата позиција, да ги штити правата на работниците“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Според владејачката партија, Трендафилов е избраник на СДСМ, кој преку Јованка Тренчевска бил поставен за претседател на ССМ и ден-денес продолжува да ги извршува насоките делегирани од партијата и затоа, по насока на СДСМ и на Левицата, го одбива покачувањето на платите на административните службеници за 40 %.
за ВМРО-ДПМНЕ, Трендафилов само за да му се оддолжи на СДСМ затоа што го поставиле на претседателското столче во ССМ, ја продолжува послушноста што Синдикатот ја има историски кон оваа партија.
“Како на копче, кога СДСМ е опозиција и му треба тема за политички поени, ССМ се активира и бара повисоки плати, а кога СДСМ е власт и кога инфлацијата е двоцифрена, платите стагнираат и вработените во институциите со месеци немаат плата, Трендафилов никаде го нема да се побуни за тешкиот живот на работниците и на сите граѓани.
Сега, без никаква економска анализа со 4 % инфлација, Трендафилов бара за само една година минималната плата да се зголеми за 50 %. А во времето на СДСМ, за седум години власт, минималната плата не се зголеми за толку, односно 50 %, иако имавме енормно покачување на цените во маркетите, двоцифрена инфлација и зголемени сметки за струја до плафон“, напишаа од ВМРО-ДПМНЕ.







