Пет од десетте контролори на летање кои биле на должност при инцидентот со два авиона на „Квантас“ на аеродромот во Сиднеј биле означени како високоризични поради замор, објави Ројтерс.
Авион кој слетувал за малку избегнал судир со „Боинг 737“ на истата компанија, кој во тој момент имал дозвола да ја премине пистата.
Инцидентот бил прв од шест блиски средби на авиони на аеродромот во период од околу еден месец, поради што австралиските власти започнаа истрага.
Синдикатот на контролорите предупредува дека недостигот од персонал доведува до повеќе прекувремена работа, помалку слободни денови и зголемен ризик за безбедноста на воздушниот сообраќај.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
