Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»За еден ден регистрирани 29 пожари , шест уште се активни
    Република

    За еден ден регистрирани 29 пожари , шест уште се активни

    16/08/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Состојбата со пожарите на отворен простор во текот на вчерашниот ден била исклучително тешка, со вкупно 29 регистрирани, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

    Од нив, 22 биле целосно изгаснати благодарение на брзата реакција и ангажманот на локалните пожарникари, еден пожар е ставен под контрола, а шест и натаму се активни.

    Кај Македонски Брод, во атарот на селото Драгов Дол, денеска се применува посебна тактика за гаснење. Во близина на пожарот е поставен голем импровизиран базен од кој хеликоптерот ќе зема вода и ќе дејствува врз огнот во кратки интервали, односно на секои четири до пет минути. На терен се и тимовите за брз одговор на Дирекцијата за заштита и спасување, составени од 25 доброволни пожарникари и пет оперативци.Ангелов очекува пожарот кај Драгов Дол да биде целосно изгаснат во текот на денот.

    Активен е и пожарот во атарот на селата Борино и Житоше во Општина Крушево. Рано утрово таму е испратен тим од 20 доброволни пожарникари, а според Ангелов, пожарот е пред целосна ликвидација. Се очекува до пладне да биде ставен под целосна контрола, по што ќе следи проверка и негово целосно гаснење.

    Повеќе денови активен е и пожарот во атарот на селото Рамни Габер, Општина Студеничани. Огнот не ја зголемува динамиката, но се движи по исклучително тежок и делумно непристапен терен. Поради тоа, можно е да се интервенира со „ер трактори“.

    Пожар има и на територијата на Велес и Зелениково. Од велешка страна е во атарот на селото Слп, а од страната на Зелениково се движи кон селата Добрино и Тисовица. Гори ниска вегетација, шума и габер, а поради непристапниот терен, по потреба ќе биде обезбедена и воздушна поддршка.

    Во Општина Јегуновце, кај Копанце, и натаму е активен пожарот што гори веќе неколку дена. Таму гори мешана шума, грмушки и тревна вегетација, а Дирекцијата планира да дејствува со „ер трактори“ за да спречи ширење на огнот. Активен пожар има и во атарот на селото Конопница во Општина Крива Паланка.

    Ангелов повторно апелираше до граѓаните да бидат внимателни и да не преземаат активности со кои може да предизвикаат пожар.

    „Ве молам, внимавајте. Доволна е само искра за вистинска катастрофа“, порача тој, посочувајќи дека и пожар кој нема да прерасне во национална катастрофа може да биде трагедија за семејството на кое ќе му изгори домот или викендичката.

    Тој се осврна и на пожарот што синоќа околу 2 часот избувнал над Зелениково и директно се заканувал на куќи од последниот ред на ридот.Според Ангелов, жителите веднаш реагирале, прскале со вода и отстранувале грмушки и дрвја во близина на куќите. Потоа пристигнал и градоначалникот на Зелениково со општинското противпожарно возило, заедно со доброволни пожарникари, а набргу пристигнала и скопската професионална противпожарна екипа. Заедничката интервенција спречила огнот да стигне до куќите.
    Ангелов изрази сомневање дека пожарот бил намерно предизвикан, бидејќи избувнал околу 2 часот по полноќ, во непристапен простор и во непосредна близина на куќи.

    „Повеќе од сигурен сум дека овој пожар е предизвикан намерно“, рече Ангелов, додавајќи дека се работи на откривање на причинителот.

    Поврзани вести:

    Мирис на чад го зафати Струмичко по пожарот на депонијата

    Мирис на чад го зафати Струмичко по пожарот на депонијата

    Променливо облачно време со сончеви периоди, од утре следува нов бран дождови

    Променливо облачно време со сончеви периоди, од утре следува нов бран дождови

    Сто нови амбулантни возила за Итната медицинска помош за подобра здравствена заштита на граѓаните

    Сто нови амбулантни возила за Итната медицинска помош за подобра здравствена заштита на граѓаните

    Ревизија откри неправилности во работењето на друштва за игри на среќа поврзани со Државна лотарија

    Ревизија откри неправилности во работењето на друштва за игри на среќа поврзани со Државна лотарија

    Јавните обвинители бараат итна реакција од Уставниот суд за намалените коефициенти на платите

    Јавните обвинители бараат итна реакција од Уставниот суд за намалените коефициенти на платите

    Мицкоски: Од денес новите амбулантни возила се достапни за граѓаните

    Мицкоски: Од денес новите амбулантни возила се достапни за граѓаните

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Мирис на чад го зафати Струмичко по пожарот на депонијата

    21/10/2026

    Променливо облачно време со сончеви периоди, од утре следува нов бран дождови

    21/10/2026

    Сто нови амбулантни возила за Итната медицинска помош за подобра здравствена заштита на граѓаните

    20/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.