Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Вучиќ најави помилувања и аболиција пред вечерашната оставка
    Свет

    Вучиќ најави помилувања и аболиција пред вечерашната оставка

    27/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека ќе донесе одлуки за помилување и аболиција за дел од лицата поврзани со настаните во земјата во изминатата година и пол, додавајќи дека јавноста ќе биде изненадена од тоа кои лица ќе бидат опфатени.

    Во интервју за РТС, Вучиќ, кој претходно најави дека вечерва ќе поднесе оставка од претседателската функција, изјави дека сè уште работи на подготовката на одлуките.

    Тој посочи дека една одлука ќе се однесува на лица кои веќе имаат правосилна пресуда, а друга на оние против кои нема донесена осуда.

    „Верувам дека ова ќе придонесе за помирен живот и подобри односи меѓу луѓето“, изјави Вучиќ.

    Осврнувајќи се на своето заминување од функцијата, тој рече дека ја напушта претседателската позиција горд на резултатите што ги постигнал, оценувајќи дека во изминатата деценија бил изложен на, како што рече, невидена кампања на дехуманизација.

    Вучиќ додаде дека, доколку неговата политичка опција победи на вонредните парламентарни избори закажани за 25 октомври, ќе ги разгледа и предлозите на дел од опозицијата за државни реформи.

    Тој изрази загриженост и поради, како што наведе, информации дека за време на изборната ноќ би можеле да се предизвикаат инциденти со цел да се создадат немири, нагласувајќи дека надлежните институции ќе преземат соодветни мерки.

    Доколку Вучиќ вечерва официјално поднесе оставка, функцијата привремено ќе ја преземе претседателката на Народното собрание, Ана Брнабиќ, сè до изборот на нов претседател. Според српското законодавство, претседателските избори треба да бидат распишани во рок од 90 дена од оставката.

    Поврзани вести:

    Земјотрес од 3,1 степени ја потресе Босна и Херцеговина

    Земјотрес од 3,1 степени ја потресе Босна и Херцеговина

    Загинати, повредени и голема материјална штета од новите руски напади врз Киев

    Загинати, повредени и голема материјална штета од новите руски напади врз Киев

    Иран им се закани на бродовите што користат неодобрени рути од Техеран во Ормускиот теснец

    Иран им се закани на бродовите што користат неодобрени рути од Техеран во Ормускиот теснец

    Кина со воена вежба крај спорниот гребен Скарборо во Јужното Кинеско Море

    Кина со воена вежба крај спорниот гребен Скарборо во Јужното Кинеско Море

    Лавров: Русија ќе ги постигне своите воени цели во Украина

    Лавров: Русија ќе ги постигне своите воени цели во Украина

    Трамп и Си разговараа за трговијата, Тајван и Иран, но без конкретен договор

    Трамп и Си разговараа за трговијата, Тајван и Иран, но без конкретен договор

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Земјотрес од 3,1 степени ја потресе Босна и Херцеговина

    27/09/2026

    Загинати, повредени и голема материјална штета од новите руски напади врз Киев

    27/09/2026

    Иран им се закани на бродовите што користат неодобрени рути од Техеран во Ормускиот теснец

    27/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.