Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Хроника»Втор смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 72-годишен скопјанец
    Хроника

    Втор смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 72-годишен скопјанец

    14/08/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Во земјава е регистриран втор смртен случај од западнонилска треска, откако на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина 72-годишен маж од Скопје.

    Информацијата ја соопшти директорот на Клиниката, Фадил Цана, кој информираше дека кај пациентот лабораториски била потврдена инфекција со West Nile вирус, со тешка клиничка слика на менингоенцефалитис.

    „Кај пациент на 72-годишна возраст со лабораториски потврдена инфекција со West Nile вирус и тешка клиничка слика на менингоенцефалитис, за жал, настапи смртен исход“, изјави Цана.

    Пациентот бил примен во тешка општа состојба, со изразени невролошки симптоми и сериозно воспаление на мозокот и мозочните обвивки. И покрај интензивното лекување и максималните напори на медицинскиот тим, неговата состојба се влошила.

    Директорот на Клиниката посочи дека досегашните жртви од западнонилската треска се повозрасни лица со присутни придружни заболувања.

    Во моментов на Инфективната клиника се хоспитализирани 24 пациенти. Кај 19 од нив инфекцијата е лабораториски потврдена, додека пет пациенти се сомнителни случаи и се во тек на дијагностички процедури.

    Седум пациенти имаат потешка клиничка слика и се под постојан интензивен медицински надзор, а петмина се приклучени на механичка вентилација. Останатите пациенти се сместени на Одделот за невроинфекции и се во стабилна состојба.

    Од Клиниката информираат дека состојбата на пациентите се следи континуирано и јавноста ќе биде информирана за сите значајни промени.

    Ова е втор смртен случај од западнонилска треска во Македонија, откако претходно од истиот вирус почина 83-годишен пациент.

    Поврзани вести:

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    Тринаесетгодишно момче претепано од група малолетници во Влае

    Тринаесетгодишно момче претепано од група малолетници во Влае

    Мотоциклист од Гостивар „летал“ со 188 километри на час на автопатот Гостивар – Тетово, заработи кривична пријава

    Мотоциклист од Гостивар „летал“ со 188 километри на час на автопатот Гостивар – Тетово, заработи кривична пријава

    71-годишна жена тешко повредена по пад од балкон во Гостивар

    71-годишна жена тешко повредена по пад од балкон во Гостивар

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    19/10/2026

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    19/10/2026

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    19/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.