Пакистан и Авганистан објавија привремено примирје од 48 часа, по неколкудневните интензивни гранични судири, со неколку десетици загинати и ранети на двете страни. Според соопштенијата, примирјето било иницирано од Авганистан, додека Пакистан го поддржал како можност за смирување на ситуацијата.
Конфликтот ескалира поради обвинувањата од Пакистан дека Авганистан ги поддржува милитантите од Пакистанските Талибанци, што владата во Кабул категорично го негира.
И покрај привременото примирје, граничните премини остануваат затворени, а напнатоста во регионот продолжува.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
