Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Времен режим на патот Прилеп – Кавадарци, возачите да сметаат на забавен сообраќај
    Република

    Времен режим на патот Прилеп – Кавадарци, возачите да сметаат на забавен сообраќај

    13/10/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Од денеска во 10 часот на патниот правец А1, на делницата меѓу Прилеп и Кавадарци, е воведен времен режим на сообраќај со наизменично пропуштање на возилата.

    Според информациите од Авто-мото сојузот на Македонија, ограничувањето се однесува на потегот меѓу селата Беловодица и Тројаци, каде што се изведуваат градежни активности на коловозот.

    Наизменичното пропуштање на возилата ќе остане во сила до целосното завршување на работите, а возачите кои се движат кон Пелагонија или Тиквешијата треба да бидат подготвени на можни краткотрајни застои и забавено движење.

    Од АМСМ информираат дека сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, главно по суви коловози, со умерен интензитет на возила надвор од градските средини.

    Сепак, се упатува апел за внимателно возење, особено на делниците низ котлини и клисури каде што е можна појава на одрони од карпи. Поголема претпазливост се препорачува на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

    Освен новиот режим кај Беловодица и Тројаци, градежни активности и посебни сообраќајни правила има и на други делници низ земјата.

    На автопатот А1 кај Гевгелија, во насока кон граничниот премин Богородица, сообраќајот се одвива двонасочно по спротивната страна од коловозот.

    На патниот правец Прилеп – Битола, поради изградбата на Коридорот 10Д, возилата се пренасочуваат по регионалниот пат од клучката Лагово до Тополчани.

    Посебен режим има и на делниците Гостивар – Кичево кај мостот на Тајмишка река, Струга – Дебар кај браната „Глобочица“, како и на патот Кичево – Охрид.

    Од АМСМ дополнително информираат дека на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

    Поврзани вести:

    Цариниците открија дрога кај германски државјанин, акцијата снимена со телесни камери

    Цариниците открија дрога кај германски државјанин, акцијата снимена со телесни камери

    ОЈО Кочани побара притвор за Ива Михајлова

    ОЈО Кочани побара притвор за Ива Михајлова

    Артан Груби излегува од куќен притвор, останува без пасош

    Артан Груби излегува од куќен притвор, останува без пасош

    Значително заладување низ Македонија, на планините ќе заврне снег

    Значително заладување низ Македонија, на планините ќе заврне снег

    Министерството за правда реагира за Ива Михајлова: Правдата мора да важи за сите

    Министерството за правда реагира за Ива Михајлова: Правдата мора да важи за сите

    МВР: Нема евиденција дека Ива Михаилова ја напуштила Македонија

    МВР: Нема евиденција дека Ива Михаилова ја напуштила Македонија

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Цариниците открија дрога кај германски државјанин, акцијата снимена со телесни камери

    13/10/2026

    ОЈО Кочани побара притвор за Ива Михајлова

    13/10/2026

    Артан Груби излегува од куќен притвор, останува без пасош

    13/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.