Коалицијата ВРЕДИ излезе со остри обвинувања кон ДУИ, тврдејќи дека партијата се соочува со сериозна внатрешна криза, откако по речиси две децении на власт и со СДСМ и со ВМРО-ДПМНЕ не испорачале суштински резултати за Албанците, туку недоволните и половични решенија служеле како покритие за лично богатење на функционери.
Во соопштението се изнесуваат и сериозни обвинувања за внатрепартиски притисоци, при што се наведува дека поранешниот функционер Артан Груби, опишан како „црна кутија“ на ДУИ, наводно поседува информации кои можат да влијаат врз најмалку пет актуелни партиски функционери.

