Вработен во ЈП „Градски паркинг“ бил физички нападнат додека ги извршувал своите работни обврски на паркинг простор на подрачјето на Општина Центар, информира Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од полицијата, вчера во 23:50 часот во СВР Скопје, 52-годишниот Г.Х. од Скопје пријавил дека бил нападнат од едно машко лице додека бил на своето работно место.
Засега не се соопштуваат повеќе детали за причините што довеле до инцидентот, ниту за идентитетот на напаѓачот.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и идентификување на сторителот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
