ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против вработен во банка во Гевгелија, кој од сметки на двајца корисници присвоил околу 5 милиони денари и над 63 илјади евра – соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според полицијата 52-годишниот гевгеличанец е осомничен за кривично дело „проневера во службата“ и во периодот од 07.11.2025 до 03.03.2026 како стручен соработник во експозитура на банка во Гевгелија, во 13 наврати присвоил 4.920.000 денари и 63.350 евра кои му биле доверени во службата,
-На тој начин што без налог од корисниците, пристапувал до денарска платежна сметка на двајца корисници, при што причинил материјална штета на банката – посочуваат од МВР.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
