Полицијата приведе 67-годишен жител на светиниколското село Кадрифаково, откако под дејство на алкохол излетал од патот со автомобил.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, вчера во 16:13 часот полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода Д.Б. (67) од село Кадрифаково.
Претходно, тој управувал патничко возило „Форд“ со штипски регистарски ознаки, при што во селото Кадрифаково излетал надвор од коловозот.
При полициската контрола било утврдено дека возачот управувал со 2,09 промили алкохол во крвта. Дополнително, било констатирано дека не поседувал важечка возачка дозвола, а сообраќајната дозвола на возилото била со изминат рок на важност.
На местото бил извршен увид, за случајот бил известен јавен обвинител, а по неговото целосно документирање против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
