Во жестока пукотница на кружен тек во близина на аеродромот во Тирана, вчера попладне убиено е едно лице, а едно е тешко рането. Напаѓачите отвориле оган од возило во движење кон друго возило во кое се возеле нападнатите.
„Бота Сот” објави дека убиениот е идентификуван како Гилмано Дани, за кого се тврди дека бил „десна рака” на криминалниот шеф Сулази, кој во минатото е поврзуван со изнуда и трговија со дрога.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
