Војната на САД и Израел со Иран влезе во вториот месец. Вашингтон очекуваше дека Техеран ќе капитулира за неколку дена, но засилените воздушни и раќетни напади од двете страни се уште траат без јасност кога ќе дојде крајот на војната.
Во најновите синоќешни напади, иранските сили погодиле хемиска фабрика на израелска територија. Истовремено, израелската војска изврши серија удари врз енергетските капацитети на Иран додека САД вети дека такви напади нема да врши.
Од Вашингтон праќаат и копнени војски во регионот, светската јавност е во исчекување дали војната ќе продолжи и со копнена инвазија. Од друга дипломатските активности за постигнување на мир продолжуваат, но со многу спротиставени ставови. Вашингтон тврди дека има и директни разговори со Техеран, додека Иран го негира тоа.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
