Водата за пиење во Скопје е здравствено безбедна и ги исполнува сите законски стандарди за квалитет, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Во периодот од 27 до 31 јули биле земени по 195 примероци за физичко-хемиска и микробиолошка анализа од 42 мерни места низ градот.
Според резултатите од лабораториските испитувања, сите анализирани примероци ги исполнуваат барањата од Правилникот за безбедност и квалитет на водата за пиење.
Од претпријатието информираат дека водата е
безбедна за консумирање.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
