Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Вода, ветер, сонце – рецепт против увозната сметка на Македонија
    Република

    Вода, ветер, сонце – рецепт против увозната сметка на Македонија

    10/08/20254 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Поуката што Европа ја извлече од последните геополитички и енергетски шокови е јасна: секој домашно произведен киловат‑час ја намалува ранливоста на економиите. Кризата со рускиот гас во 2022 јасно покажа колку скапа е таа зависност, а можноста дури 27 % од светската сурова нафта да стане заложник поради актуелните воени случувања, придонесе ЕУ за само две години да го зголеми уделот на домашната обновлива енергија во електричниот микс од 44% на 47 % со рекордни национални субвенции и регулаторни олеснувања.

    Македонија не беше само сведок на енергетските кризи во Европа, туку ги почувствува и на „сопствена кожа“. За да ги намали последиците врз животниот стандард на граѓаните, како и врз бизнис секторот, државата користеше поддршка од фондови на ЕУ, кои беа наменети за државите од Западен Балкан. Во 2024 година државата обезбеди 6 129 GWh електрична енергија од сопствени извори и мораше да увезе приближно 11% од потрошувачката. За првпат во домашното производство во 2024 година обновливите извори сочинуваат 56 % од инсталираната моќност. Но бројките откриваат дека миксот од старите централи и новите производтвени капацитети не се доволно. Сè уште не можеме без увоз кога сонцето заоѓа, ветерот стивнува или јагленските котли влегуваат во ремонт

    Како тоа го прават развиените економии во Европа

    Едноставно колку повеќе и подиверзифицирани домашни извори, толку помал увоз и поголема енергетска сигурност.

    Домашните капацитети во Австрија во 2024 година обезбедија околу 73 TWh, од што 57,7 TWh се од обновливи извори. Државата била нето-извозник на струја 243 дена во годината. Благодарение на Алпските акумулации и значајниот број и на мали хидроцентрали што работат на нејзината територија, хидропотенцијалот лани обезбеди околу 60 % од целата австриска струја. По обилните врнежи во јануари 2024 хидроелектраните покрија 86 % од побарувачката, што ѝ овозможи на земјата да биде нето-извозник токму во зимскиот пик.

    Особено е интересна состојбата со Швајцарија каде стремежот е да се потпрат на зелена енергија. Швајцарија беше нето – извозник во 2024 година, со вкупно производство од 68 TWh наспроти околу 60 TWh потрошувачка. Интересно е дека во 2024 година хидропотенцијалот обезбедил дури 57 % од проиведената електрична енергија. Швајцарија традиционално ја балансира сопствената мрежа и продава пикови во ЕУ. Иако зимските месечни дефицити бараат увоз, хидроостанува ’кичма‘ на системот.

    Кон зелените извори во 2024 година се сврти и Германија и за првпат обезбеди струја без да користи нуклеарна енергија. Државата увезе околу 24,9 TWh, откако капацитетите произведоа околу околу 432 TWh струја. Обновливите извори покрија 62,7 % од националната потрошувачка на електрична енергија. Ова покажува дека и Гееманија недостатокот предизвикан од исклучувањето на нуклеарките го надомести со стратешки раст на обновливите извори на енергија.

    Во соседната Франција, пак, решија да ги рестартираат нуклеарките. Вкупното производство скокна на 536,5 TWh, што е најмногу во последните пет години. Со оглед дека вкупната потрошувачка во 2024 година изнесуваше околу 449 TWh, овозможи рекорден нето-извоз од 89 TWh. Но, Франција во 2024 година се опреми и со нови 5 GW нови фотоволтаици со што вкупната инсталиран потенцијал надмина 24 GW. Голем плус беше и дождот, односно во 2024 година Франција имаше дождлива зима за разлика од 2023 година што од ходроцентралите и обезбеди дополнителни 16 TWh електрична енергија.

    Колку чинеше европската енергетска криза?

    Државната поддршка за домаќинства и компании во ЕУ од септември 2021 до јануари 2023 година достигнала 646 милијари евра, а во 2024 година се обезбеди дополнителна подршка ос 110 милијарди евра. Германија сама вложи околу 200 милијарди евра во таканаречен „џеб-штит“ за електрична енергија и гас. Овие податоци се според интерактивна база-податоци National fiscal policy responses to the energy crisis на реномираниот економски тинк-тенк со седиште во Брисел, Bruegel.

    Износот од 646 милијарди евра претставуваат приближно 4 % од БДП на ЕУ-27, што е огромен фискален товар.

    Европското искуство покажува дека е неопходно диверсификација на производството согласно погтенцијалот со кој располага една држава. Во таа приказна значајно место имаат и капацитетите за складирање на енергија, како и брзите балансери во произфводството какви што се и малите хидроцентрали, кои може да стартуваат или да се исклучат за неколку минути. Искористување на високиот хидропотенцијал за Македонија, околу 90 MW ќе донесе побрзо поголема енергетска сигурност и ќе ја намали потреба од увоз. Македонија го има потенцијалот – останува да го искористи навреме и со правилен микс на технологија, регулатива и инвестиции.

    Поврзани вести:

    Мицкоски во Њујорк се сретна со заменик-државниот секретар на САД

    Мицкоски во Њујорк се сретна со заменик-државниот секретар на САД

    Судот го казни Рамиз Мерко со 5.000 евра за незаконски поставена спомен-плоча

    Судот го казни Рамиз Мерко со 5.000 евра за незаконски поставена спомен-плоча

    Почина уште еден пациент со Западнонилска треска, бројот на жртви се искачи на девет

    Почина уште еден пациент со Западнонилска треска, бројот на жртви се искачи на девет

    Судењето за пожарот во „Пулс“ почна одново, обвинетите повторно негираа вина

    Судењето за пожарот во „Пулс“ почна одново, обвинетите повторно негираа вина

    Температурите до 32 степени, но попладне со локално невреме

    Температурите до 32 степени, но попладне со локално невреме

    Мисајловски во Словенија: Средба со Македонците во Крањ и учество на министерски состаноци

    Мисајловски во Словенија: Средба со Македонците во Крањ и учество на министерски состаноци

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Мицкоски во Њујорк се сретна со заменик-државниот секретар на САД

    21/09/2026

    Судот го казни Рамиз Мерко со 5.000 евра за незаконски поставена спомен-плоча

    21/09/2026

    Почина уште еден пациент со Западнонилска треска, бројот на жртви се искачи на девет

    21/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.