Денеска, на Меѓународниот ден на Ромите свечено отпочна реконструкцијата на улицата „Брсјачка буна“ во Општината Шуто Оризари во присуство на градоначалникот Курто Дудуш, градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски, премиерот Христијан Мицкоски.

Градоначалникот Дудуш нагласи дека забрзано се работи во Општината на 58 проекти со вкупна вредност околу 4 и половина милион евра, односно околу 275 милиони денари.
Скопскиот градоначалник за граѓаните од Шуто Оризари најави низа проекти за подобрување на животот на ромските сограѓани. Шуто Оризари е единствената ромска општина во светот, традиционално раководена од градоначалник од ромска националност.


