Во понеделник во 18 часот новогодишно ќе светне Скопје. Ова го соопшти градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, при што најави свечена програма на плоштадот „Македонија”, со која ќе биде означен почетокот на Новогодишните и Божиќните манифестации.
Од Градот Скопје упатуваат покана до сите граѓани да присуствуваат на заедничкото вклучување на празничното осветлување.
„Нашиот град е најубав кога свети од насмевки и празнична магија. Сите ја заслужуваме топлината што ја носат празниците. Затоа со голема радост ве канам да го започнеме едно ново празнично поглавје”, изјави Ѓорѓиевски.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
