Граѓани на Кипар протестираат против британските воени бази на островот, барајќи нивно затворање, по неодамнешниот напад со дрон врз базата РАФ Акротири. Демонстрантите маршираа кон претседателската палата во Никозија, извикувајќи „надвор со базите на смртта”, стравувајќи дека Кипар може да
биде вовлечен во поширок конфликт со Иран.
Кипарскиот министер за надворешни работи изјави дека дронот што ја погодил базата бил лансиран од Либан.
Инаку, базата е главно британско упориште за операции на Блискиот Исток и најважната територија што Британија ја задржа на островот по независноста на Кипар во 1960 година.
ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ
Додади Коментар

