При полициска акција во Кичево биле уапсени две лица, откако при претрес во нивниот дом и деловна просторија била пронајдена дрога.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека вчера околу 14:00 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Кичево ги лишиле од слобода А.Љ. (28) и Л.Љ. (31), двајцата од Кичево.
При претресот, кој бил извршен по судска наредба, полицијата пронашла и одзела марихуана, дигитални ваги и други предмети поврзани со кривичното дело.
Од МВР соопштија дека по целосното документирање на случајот, против двајцата ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
