Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Во Грција 232 случаи на вирусот Западен Нил, починаа 19 лица
    Свет

    Во Грција 232 случаи на вирусот Западен Нил, починаа 19 лица

    27/08/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Од почетокот на сезоната на вирусот Западен Нил, заклучно со вчера претпладне, во Грција се потврдени вкупно 232 случаи на зараза, додека 19 лица починале како последица од инфекцијата, покажуваат најновите податоци на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ).

    Само во текот на изминатата седмица биле регистрирани 75 нови случаи, а шест лица ја загубиле битката со болеста.

    Според извештајот, кај 165 заразени се развиле потешки симптоми со зафатеност на централниот нервен систем, како енцефалитис, менингитис или акутна парализа. Просечната возраст на овие пациенти е 75 години.

    Кај уште 67 лица инфекцијата поминала со поблаги симптоми или без зафатеност на централниот нервен систем.

    Во моментов, 73 пациенти се хоспитализирани, 124 веќе се пуштени на домашно лекување, а кај 16 заразени не било потребно болничко лекување.

    Сите 19 починати биле постари од 65 години, а нивната просечна возраст изнесува 85 години.

    Најголем број од заразените, односно 137 случаи, се регистрирани во областа Атика, поширокиот регион на Атина. Останатите случаи се евидентирани во Тесалија, северна и централна Грција, како и на Пелопонез, додека за 18 случаи сè уште се спроведува епидемиолошка истрага за утврдување на местото на заразување.

    Здравствените власти во Грција апелираат граѓаните да преземат мерки за заштита од комарци, бидејќи вирусот Западен Нил најчесто се пренесува преку нивно каснување.

    Поврзани вести:

    Бугарски суд одобри европска потерница за двајца Германци осомничени за палење антени на „Старлинк“

    Бугарски суд одобри европска потерница за двајца Германци осомничени за палење антени на „Старлинк“

    Тринаесетгодишник со нож нападна наставник и ученик во училиште во Романија

    Тринаесетгодишник со нож нападна наставник и ученик во училиште во Романија

    Кремљ: Мировен договор не е можен без претставник од Киев подготвен да преземе одговорност

    Кремљ: Мировен договор не е можен без претставник од Киев подготвен да преземе одговорност

    Зеленски: Над 550.000 домаќинства останаа без струја по руските напади

    Зеленски: Над 550.000 домаќинства останаа без струја по руските напади

    Протестите во Албанија продолжуваат седми ден, демонстрантите бараат оставка од Рама

    Протестите во Албанија продолжуваат седми ден, демонстрантите бараат оставка од Рама

    Две жртви во катастрофалните поплави во Шпанија, војската на терен

    Две жртви во катастрофалните поплави во Шпанија, војската на терен

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Бугарски суд одобри европска потерница за двајца Германци осомничени за палење антени на „Старлинк“

    19/10/2026

    Тринаесетгодишник со нож нападна наставник и ученик во училиште во Романија

    19/10/2026

    Кремљ: Мировен договор не е можен без претставник од Киев подготвен да преземе одговорност

    19/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.