Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Во четврток почнува Винскиот фестивал Битола: Три вечери вино, музика и градска атмосфера пред Офицерски дом
    Република

    Во четврток почнува Винскиот фестивал Битола: Три вечери вино, музика и градска атмосфера пред Офицерски дом

    04/05/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Битола добива нова мајска фестивалска приказна, во која виното, музиката и градското дружење ќе се спојат на едно од најпрепознатливите места во градот, платото пред Офицерски дом. Од 7 до 9 мај ќе се одржи првото издание на Вински фестивал Битола, кое денеска беше најавено на прес-конференција во ЈОУ Културен и информативен центар Битола – Офицерски дом.

    Организаторите најавија дека фестивалот е замислен како нов градски настан што треба да ја надополни културно-забавната понуда на Битола и да создаде уште еден повод за дружење, дегустација и уживање во отворена фестивалска атмосфера.

    Деталите за првото издание ги соопштија претставникот на организацијата на Вински фестивал Битола, Пане Темов, градоначалникот на Општина Битола, прим. д-р Тони Коњановски, директорот на ЈОУ КИЦ Битола – Офицерски дом, Димитар Михајловски, како и претставник на бендот Паркети, кој е дел од музичката програма на фестивалот.

    Со крајот на работната недела стартуваат трите вечери со внимателно одбрана музичка програма, домашни винарии, гастрономска понуда и атмосфера што треба да го продолжи препознатливиот мајски ритам на градот. Според Пане Темов амбицијата е фестивалот да прерасне во препознатливо случување за Битола.

    „Ова е прво издание на Вински фестивал Битола, но идејата е фестивалот да стане традиција и секоја година да носи нова енергија во градот. Сакаме да создадеме настан кој ќе ги поврзе љубителите на доброто вино, домашните винарии, музиката и градското дружење. Битола има публика која знае да препознае добар настан, а виното е култура, приказна и повод луѓето да се сретнат во убава атмосфера“, истакна Темов.

    Фестивалската програма е замислена како спој на различни музички вкусови и генерации. На сцената пред Офицерски дом ќе настапат повеќе домашни изведувачи, меѓу кои B52, „Пауза за ракија“, DJ Александар Јорданов, Lockdown, Камерен оркестар Битола, DJ Гоце Саф, Zdrave Music, „Љубојна“ и „Паркети“. Организаторите најавуваат програма што го следи духот на Битола, разновидна, урбана и опуштена, со доволно простор и за концертна атмосфера и за лежерно фестивалско дружење.

    Посетителите ќе имаат можност да дегустираат вина од домашни винарии. Винската култура кај нас сè повеќе се развива како препознатлив дел од гастрономската и туристичката понуда. Затоа и виното, како што беше посочено на прес-конференцијата, не е само пијалак, туку дел од традицијата, од современиот начин на уживање и од приказната за локалните производители.

    Градоначалникот на Општина Битола, прим. д-р Тони Коњановски, го поздрави одржувањето на фестивалот, нагласувајќи дека Битола и годинава продолжува со настани што го збогатуваат културниот и забавниот живот на градот.

    „Битола има силна фестивалска традиција и публика која знае да ја живее градската атмосфера. Поддршката за вакви настани е поддршка за локалната култура, за туризмот и за угостителството. Но, овие урбани случувања носат препознатливост и за градот. Вински фестивал Битола се одржува првпат, но има потенцијал да стане дел од календарот на манифестации по кои градот ќе биде уште попривлечен за посетители“, истакна Коњановски.

    Директорот на ЈОУ КИЦ Битола – Офицерски дом, Димитар Михајловски, посочи дека Офицерски дом е природна сцена за ваков тип настани, бидејќи претставува еден од најрепрезентативните простори во градот.

    „Офицерски дом е простор кој има посебна симболика за Битола. Затоа ни е важно тука да привлечеме новите настани кои ја зближуваат публиката. Вински фестивал Битола носи токму таква енергија, културна, музичка и градска“, истакна Михајловски.

    Претставникот на бендот „Паркети“ најави дека настапот на фестивалот ќе биде дел од финалната вечер и дека публиката може да очекува концертна енергија што одговара на отворениот, градски карактер на настанот.

    Првото издание на Вински фестивал Битола ќе се одржи од 7 до 9 мај 2026 година, на платото пред Офицерски дом во Битола.

    Поврзани вести:

    Министерството за јавна администрација предлага реформа на државната управа

    Министерството за јавна администрација предлага реформа на државната управа

    Во Собранието дебата за измени на Законот за народниот правобранител

    Во Собранието дебата за измени на Законот за народниот правобранител

    Денеска променливо облачно со дожд и грмежи, локално се очекуваат поројни врнежи

    Денеска променливо облачно со дожд и грмежи, локално се очекуваат поројни врнежи

    Европски владини веб-страници привремено исклучени поради безбедносни пропусти во PHP

    Европски владини веб-страници привремено исклучени поради безбедносни пропусти во PHP

    Петмина малолетници веќе испрашани за нападот врз 13-годишник во Влае

    Петмина малолетници веќе испрашани за нападот врз 13-годишник во Влае

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    ДЗС и полицијата со интензивна потрага по исчезнато лице кај Вардар во Гостивар

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Министерството за јавна администрација предлага реформа на државната управа

    22/10/2026

    Во Собранието дебата за измени на Законот за народниот правобранител

    22/10/2026

    Денеска променливо облачно со дожд и грмежи, локално се очекуваат поројни врнежи

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.