На мостот „Близнак“ во Скопје во недела на 11 октомври ќе се изведуваат работи за санација на оштетената заштитна пешачка ограда, поради што привремено ќе биде затворена затворена крајната лева сообраќајна лента.
Екипа на ЈП „Улици и патишта“ – Скопје ќе работи на булеварот „Киро Глигоров“, на потегот од крстосницата со улицата „Индустриска“ до крстосницата со булеварот „АСНОМ“, во насока кон населбата Аеродром, од 6 до 8 часот наутро, а ќе опфатат замена и монтажа на оштетените делови од оградата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
