Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»ВМРО-ДПМНЕ: Наместо спин и манипулација, Филипче да одговори за поврзаноста со сопственикот на запленетата марихуана
    Политика

    ВМРО-ДПМНЕ: Наместо спин и манипулација, Филипче да одговори за поврзаноста со сопственикот на запленетата марихуана

    15/02/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    „Наместо спин и манипулација, Филипче и СДС да одговорат за поврзаноста со сопственикот на фирмата во која се запленија 30 тони дрога“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Од владејачката партија понатаму напишаа: „По се што Филипче и СДС, се обидуваат да и сервираат на јавноста околу темата за канабис, редно е да дадат и објаснување за фотографијата со Тони Котев, сопственикот на фирмата „ЦБД Медплант“, поврзана со илегална марихуана.

    Филипче и Заев како најпознато криминално дуо кое некогаш постоело во земјава имаат оставено црн печат секаде, во секој сектор, во секоја институција, во секоја пора на општеството.

    Околу темата за канабисот, Филипче пред неколку дена на национална телевизија беше видливо нервозен и конфузен, а Заев пак никна на социјалните мрежи со статуси кои очигледно беа напишани во паника.

    Јавноста се сеќава кога во 2020 година, ова дуо сакаше да ја легализираат марихуаната во земјава, па откако тоа не им успеа, се фрлија на масовно издавање лиценци за медицински канабис на лица кои беа блиски до СДС.

    Па така, за кратко време струмичкиот регион стана жариште на производство на марихуана, значи имало координирано ширење на индустријата под покровителство на Заев и Филипче.

    Клучниот момент е измената на Правилникот за одгледување канабис од 2023 година, каде во член 2 се додаде можноста канабисот да се одгледува и на отворено.

    Овој подзаконски акт за канабис е во директна колизија со законот, бидејќи дозволува производство на канабис цвет кој не ги исполнува ГМП стандардите. Ако не ги исполнува тие стандарди, финалниот производ не може легално да се користи како медицински.

    Уште еден нарко канал на Заев и Филипче се разобличува, а за кој сега реагираат со нервозни деманти и преку обиди за дефокусирање на јавноста.

    По големите заплени на марихуана од компании со лиценци за медицинско производство, каде во прашање се 40 тони марихуана, 70% од истите или некаде околу 30 тони потекнуваат од „ЦБД Медплант“, или фирма основана во 2018 година од страна на блиски луѓе до Заев, поконкретно Христијан Котев, син на Тони Котев, кој е поранешен претседател на ОО на СДС во Ново Село, и човек близок до Заев.

    Наместо да водат кампања која е само спин и манипулација, Филипче и СДС можат јавно да објаснат каде завршувала марихуаната што, според законите, не можела да се користи како легален медицински производ. Јавноста има право да знае дали станува збор за лични или партиски интереси и кој имал профит од овој нелегален бизнис.

    Затоа го повикуваме Јавното обвинителство итно и темелно да ја истражи целосната релација помеѓу Заев и Филипче, нивната можна вмешаност и одговорност во случајот со запленетите 30 тони марихуана, како и сите околности што упатуваат на партиски и лични интереси во нарко-бизнисот. Јавноста заслужува целосна транспарентност и еднаквост пред законот“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

    Поврзани вести:

    Левица предлага државата да преземе 20% од станбениот кредит за секое новородено или посвоено дете

    Левица предлага државата да преземе 20% од станбениот кредит за секое новородено или посвоено дете

    ВМРО-ДПМНЕ ги отфрли обвинувањата на СДСМ за тендерите во Министерството за дигитална трансформација

    ВМРО-ДПМНЕ ги отфрли обвинувањата на СДСМ за тендерите во Министерството за дигитална трансформација

    Фрчкоски: Нови 1,5 милиони евра за фирма поврзана со луѓе од претходниот случај

    Фрчкоски: Нови 1,5 милиони евра за фирма поврзана со луѓе од претходниот случај

    Арљинда Хасани Синани избрана за нова вицегувернерка на Народната банка

    Арљинда Хасани Синани избрана за нова вицегувернерка на Народната банка

    Општините во изборната 2025 година поделиле над четири милиони евра финансиска помош за граѓаните

    Општините во изборната 2025 година поделиле над четири милиони евра финансиска помош за граѓаните

    Гаши: До крајот на септември најмалку четири собраниски седници, законите со Бадентер ќе се стават на гласање

    Гаши: До крајот на септември најмалку четири собраниски седници, законите со Бадентер ќе се стават на гласање

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    вмродпмне марихуана поврзаност филипче
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Левица предлага државата да преземе 20% од станбениот кредит за секое новородено или посвоено дете

    02/09/2026

    ВМРО-ДПМНЕ ги отфрли обвинувањата на СДСМ за тендерите во Министерството за дигитална трансформација

    02/09/2026

    Фрчкоски: Нови 1,5 милиони евра за фирма поврзана со луѓе од претходниот случај

    02/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.