Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»ВМРО-ДПМНЕ беше под жесток политички прогон, но денес е посилна од кога било, кажа Мицкоски од Струмица
    Политика

    ВМРО-ДПМНЕ беше под жесток политички прогон, но денес е посилна од кога било, кажа Мицкоски од Струмица

    17/06/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во своето обраќање порача дека партијата во периодот од 2017 до почетокот на 2019 година била изложена на силни политички притисоци и прогон, додавајќи дека во тој период постоеле и иницијативи од тогашното раководство на СДСМ за законско укинување на името ВМРО.

    Осврнувајќи се на развојот на партијата, Мицкоски истакна дека денес, осум години подоцна, ВМРО-ДПМНЕ останува значаен политички фактор, нагласувајќи дека историјата е најдобриот показател за издржливоста и континуитетот на организацијата.

    Тој оцени дека патот на историското ВМРО, исполнет со подеми, предизвици и нови почетоци, довел до формирањето на ВМРО-ДПМНЕ на 17 јуни 1990 година. Според него, партијата е дел од подолга историска традиција и претставува продолжение на идејата на ВМРО.

    Мицкоски нагласи дека уште од самото основање партијата се соочувала со бројни притисоци, уцени и обиди за дискредитација, но успеала да опстане благодарение на поддршката од членството и својата идеолошка определба.

    Според него, врската со историското ВМРО не е само симболична, туку претставува темелна вредност врз која се гради политичкото дејствување на партијата во изминатите децении.

    Во обраќањето тој ја опиша ВМРО-ДПМНЕ како повеќе од политичка партија, нарекувајќи ја „најголем македонски бренд“ и идеја која опстојува низ различни историски периоди.

    Мицкоски порача дека суштината на таа идеја е Македонија да биде самостојна, достоинствена и почитувана држава, додавајќи дека обврска на партијата е таа визија да ја претвора во конкретни политики и резултати за граѓаните.

    Поврзани вести:

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Премиерот Мицкоски денеска ќе го отвори новото основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Ченто

    16/10/2026

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    15/10/2026

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    15/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.