Опозицискиот СДСМ упорно сака да ја додржи во јавноста темата за мигрантите, иако таа спласнува секојдневно. Од ВМРО-ДПМНЕ предложија своја резолуција во Собранието за јасна државна политика против нелегалната миграција, а премиерот Мицкоски смета дека обвинителството треба да се позанимава со СДСМ за изјавите дадени за мигрантите, со кои создаваат страв и паника кај граѓаните.
Но, од друга страна, Венко Филипче секојдневно со соопштенија е во поход да ја спасува државата од опасност што, според власта, не постои. Додека владини претставници упорно потврдуваат „нема тема – мигранти”, Филипче одговара „има, само вие не ја гледате”.
За многумина упорноста на Филипче се повеќе наликува на евтина политичка претстава што треба да ги затскрие големите проблемите во неговата партија и неговота нарушена партиска поддршка и лидерство.
Но, не е јасно дали првиот социјалдемократ ќе си ја увиди грешката или пак веќе е тргнат низ Македонија и ги бара мигрантите, оти ако најде барем еден ќе му се оствари желбата – Мицкоски да замине од функцијата како што премиерот и му вети.
