Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Магазин»Занимливости»Виз Ер со нова авиолинија, од скопскиот аеродром до Штутгарт, открија од ТАВ Македонија
    Занимливости

    Виз Ер со нова авиолинија, од скопскиот аеродром до Штутгарт, открија од ТАВ Македонија

    29/09/20253 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Авиокомпанијата Виз Ер, со првиот лет денеска во 6:25 часот наутро, од Меѓународниот аеродром Скопјe до Штутгарт, отвори уште една нова авиолинија и дестинација од главниот град на Македонија до Германија, соопшти ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на Групацијата ADP.

    За детали за достапноста и резервацијата на авионски билети, како и времето на пристигнување и заминување, патниците можат да ја проверат веб-страницата на Виз ер wizzair.com

    „Во соработка со Виз Ер и Владата, како ТАВ Аеродроми горди сме што ќе можеме да ги опслужуваме патниците на оваа нова редовна авионска линија од Скопјe до Штутгарт. Редовните летови меѓу двата града ќе ги задоволат потребите на нашите граѓани, бизнисмени и дијаспората. Ќе продолжиме да инвестираме во модернизација и подобрување на аеродромските услуги, нудејќи висококвалитетно корисничко искуство на сите патници и промовирајќи ја земјата како атрактивна дестинација и транзитен центар во регионот“, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

    Авиокомпанијата ќе лета од Скопјe до Штутгарт три пати неделно, секој понеделник, среда и петок. Во текот на летниот распоред на летови на аеродромот во Скопјe, односно до 24 октомври, времето на полетување од Меѓународниот Аеродром Скопјe во понеделник и петок е 06:25 часот, додека времето на пристигнување во Штутгарт е 11:10 часот по локално време. Во среда, патниците ќе полетуваат во 06:30 часот, а ќе слетуваат во 11:10 часот по локално време.

    Во зимската сезона, патувањата ќе се одвиваат во понеделник, среда и петок, но сите летови со исти времиња на полетување и следување, односно 06:30 часот со 11:30 часот по локално време.

    Со додавањето на Штутгарт на мапата на рути на Меѓународниот Аеродром Скопјe, Виз ер има вкупно девет рути до девет градови во Германија: Штутгарт, Берлин, Дортмунд, Баден-Баден, Фридрихсхафен, Хамбург, Франкфурт-Хан, Минхен-Меминген и Нирнберг.

    Штутгард е една од ретките дестинации која има понуда за сечиј вкус.

    Со директните редовни летови од Скопјe до Штутгарт, љубителите на автомобилската индустрија сега ќе можат одблизу да ги видат седиштата и музеите на два легендарни бренда, Мерцедес-Бенц и Порше, локации што привлекуваат многу посетители секоја година.

    Штутгарт е еден од ретките градови во Германија со лозја што продираат длабоко во урбаната средина, а неговиот фестивал на вино е познат на национално ниво. Покрај фестивалот на виното, градот го организира и Cannstatter Volksfest, вториот најголем фестивал во Германија по Октоберфест.

    Најреномираните културни знаменитости во градот кои посетителите можат да ги видат се oперата на Штутгард, државниот театар и бројните музеи и галерии, се наведува во соопштението.

    Она што го прави овој град посебен е „Зеленото У“, меѓусебно поврзаните паркови во облик на буквата U што се протегаат низ градот и му даваат на Штутгарт единствена рамнотежа меѓу урбаната архитектура и природата. Новата редовна воздушна линија Скопјe – Штутгарт не е само географска врска, туку мост меѓу семејствата, пријателите, идеите, бизнисите и новите почетоци.

    За македонската дијаспора, директните летови со три фреквенции неделно значат подобра поврзаност и помалку километри од дома, стои во соопштението.

    Поврзани вести:

    Ја прочита пораката, но не одговара? Еве што навистина може да значи „seen“

    Ја прочита пораката, но не одговара? Еве што навистина може да значи „seen“

    ЕУ со нови правила за авионски патници: Надомест до 600 евра и повеќе права

    ЕУ со нови правила за авионски патници: Надомест до 600 евра и повеќе права

    Жена од Флорида уапсена откако четбот означил порака како можна закана

    Жена од Флорида уапсена откако четбот означил порака како можна закана

    Автомобил со 3.400 бакнежи стана хит на интернет, но му донесе казна на сопственикот

    Автомобил со 3.400 бакнежи стана хит на интернет, но му донесе казна на сопственикот

    Светот добива нова карта: 164 држави гласаа „за“

    Светот добива нова карта: 164 држави гласаа „за“

    Светски ден на пишувањето писма: Потсетник дека највредните пораки не се испраќаат со еден клик

    Светски ден на пишувањето писма: Потсетник дека највредните пораки не се испраќаат со еден клик

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Сиљановска-Давкова се сретна со македонската дијаспора во Будимпешта

    23/10/2026

    Колони на Табановце: Патниците чекаат повеќе од еден час за излез од Македонија

    23/10/2026

    Викенд со променливо време: Денеска дожд, стабилна сабота, врнежи во недела

    23/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.