Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Спорт»Вимблдон ќе има македонска претставничка – Ѓорческа успеа
    Спорт

    Вимблдон ќе има македонска претставничка – Ѓорческа успеа

    25/06/20261 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Македонската тенисерка Лина Ѓорческа испиша историја и за првпат обезбеди пласман на главниот турнир на Вимблдон.

    Тетовчанката успешно го мина и третото квалификациско коло, откако во Лондон убедливо ја совлада Италијанката Лусија Бронцети со 2-0 во сетови (6-1, 6-2) за само еден час и 15 минути игра.

    Со овој успех, Ѓорческа стана првата македонска тенисерка која се пласирала во главната ждрепка на еден од четирите Грен слем турнири. Најблиску до ваков подвиг беше во 2017 година на Австралија опен, кога беше запрена во последното квалификациско коло.

    Во дуелот против Бронцети, македонската тенисерка доминираше од самиот почеток. Иако го загуби првиот гем на свој сервис, потоа направи три брејка и лесно го доби првиот сет со 6-1.

    Во вториот сет Италијанката имаше можност за пресврт, но Ѓорческа успеа да спаси осум брејк-топки во вториот гем. Потоа направи брејк и целосно ја презеде контролата, а со уште еден одземен сервис во седмиот гем го трасираше патот кон историската победа и конечните 6-2.

    На патот до главниот турнир на Вимблдон, Ѓорческа ги елиминираше Фита Болуда од Шпанија, Хорхе од Португалија и Лусија Бронцети од Италија.

    Поврзани вести:

    Бојан Миовски пред нова промена: Македонскиот напаѓач може да заврши во ЛАСК

    Бојан Миовски пред нова промена: Македонскиот напаѓач може да заврши во ЛАСК

    Њукасл го пушта Волтемаде во Јувентус, а за 60 милиони евра носи нова офанзивна ѕвезда

    Њукасл го пушта Волтемаде во Јувентус, а за 60 милиони евра носи нова офанзивна ѕвезда

    Вардар и со помош на судијата не успеа да го совлада Тиквеш во Кавадарци

    Вардар и со помош на судијата не успеа да го совлада Тиквеш во Кавадарци

    Сензација на Ју-Ес Опен: Ѓоковиќ елиминиран уште во првото коло

    Сензација на Ју-Ес Опен: Ѓоковиќ елиминиран уште во првото коло

    Македонија убедлива во Виена, Димитриевиќ со трипл – дабл

    Македонија убедлива во Виена, Димитриевиќ со трипл – дабл

    Менува ли клуб Бојан Миовски? Одлуката на Ренџерс ги загрижи навивачите

    Менува ли клуб Бојан Миовски? Одлуката на Ренџерс ги загрижи навивачите

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Бојан Миовски пред нова промена: Македонскиот напаѓач може да заврши во ЛАСК

    01/09/2026

    Њукасл го пушта Волтемаде во Јувентус, а за 60 милиони евра носи нова офанзивна ѕвезда

    01/09/2026

    Вардар и со помош на судијата не успеа да го совлада Тиквеш во Кавадарци

    01/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.