Викендот Одделот за криминалистичка полиција, во содејство со секторите за внатрешни работи и во координација со надлежните инспекциски служби, спроведе контроли во 66 угостителски објекти и казина, при што се утврдени низа неправилности, при што се легитимирани 38 лица.
При контролите, во еден објект МВР затекна четири малолетни лица после полноќ, а во два објекти е констатирано точење алкохол на малолетници. Едно лице е затекнато како вршело дејност обезбедување без лиценца и легитимација, а во друг е нарушен јавниот ред и мир, додека три глоби се изречени за прекршување на Законот за заштита од пушење.
Полицијата приведен едно лице поради одбивање да се легитимира и а три странски државјани поради нерегулиран престој во државата, а уапси и пијан возач и откри незаконско приредување на игри на среќа.
