Само неколку часа по убиството на мексиканскиот наркобос Ел Менчо, вооружени припадници на неговиот картел Халиско почнаа да блокираат автопати во повеќе мексикански сојузни држави и да палат автомобили и деловни објекти. Во некои градови на туристите и жителите им било препорачано да останат дома.
Мексиканскиот министер за безбедност потврди дека 25 припадници на Националната гарда загинале во операцијата за апсење на „Ел Менчо“.
Неколку авиокомпании ги откажаа летовите за Пуерто Ваљарта, популарно крајбрежно одморалиште, каде што шокирани туристи снимаа густи облаци чад што се издигнуваа над пожарите.
Еден член на картелот Халиско изјави за Ројтерс дека пожарите и престрелките се одмазда за убиство на водачот и предупреди дека може да следи нов бран насилство додека различни групи се борат за контрола врз картелот.
Македонското министерство за надоврешни работи упати итен апел до сите македонски граѓани да го напуштат Мексико.
🇲🇽Scenes out of Puerto Vallarta, Mexico as CJNG cartel and Mexican forces clash. pic.twitter.com/FRIsrCHyIR
— eve 💗ྀི𓆩♱𓆪 (@_xwithrere) February 23, 2026
