Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»(Видео) Владата ја намали акцизата на горивата, Мицкоски очекува утре дизелот да остане по иста цена, а бензините да се намалат за 2 денари
    Економија

    (Видео) Владата ја намали акцизата на горивата, Мицкоски очекува утре дизелот да остане по иста цена, а бензините да се намалат за 2 денари

    05/04/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Намалување на акцизите за 4 денари на дизелот и а бензини за 2 денара по литар, одлучи Владата денеска на вонредна седница. Одлуката на прес-конференција ја соопшти премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека со тоа драматично ќе се намали цената на горивата и се штити стандардот на граѓаните.

    На вонредната седница Владата одлучи ДДВ-то за горивата да продолжи да биде намалено од 18 на 10 отсто до крајот на кризната состојба, која ќе истече на 20 април.

    Мицкоски истакна дека без намалување на ацизата, литар дизел ќе беше околу 102 или над 102 денари, а безоловниот бензин од 95 и 98 октани ќе беше поскап за 1,5 до 2 денари.

    Соопшти дека денеска имале преговори исо ОКТА и е договорено попустот да го продолжат до крајот на април – од 3 денари за дизелот по литар, а за безоловните бензини од 95 и 98 октани дополнителни 2 денари помалку за литар.

    -Кога сето ова ќе се анализира, доаѓаме до цена која за дизелот ќе биде иста како и до сега, доколку се вкалкулира попустот од 4 денари за акцизата и 3 денари што го добиваме од ОКТА, така што ги амортизираме потенцијално 7 денари зголемување по литар, додека кај безоловните бензини од 95 и 98 октани, покрај 2 денари акциза по литар, ќе имаме 2 денари по литар намалување, односно ќе бидеме 2 денари во минус од цената што беше во изминатиот регулиран период, односно изминатата недела, изјави Мицкоски на прес-конференцијата.

    Нагласи дека одлуката е донесена поради неизвесноста како последица од тензии на Блискиот Исток и притисокот врз економијата. Како што рече, не може да бидеме изолирани од влијанието на глобалните процеси, но делуваме и не чекаме кризата да нè прегази.

    Поврзани вести:

    Божиновска: Регионалната поврзаност и инвестициите се клучни за енергетската безбедност

    Божиновска: Регионалната поврзаност и инвестициите се клучни за енергетската безбедност

    Од утре целосно се отвора мостот на Маркова Река

    Од утре целосно се отвора мостот на Маркова Река

    Божиновска во Солун ќе го потпише меморандумот за Вертикалниот гасен коридор

    Божиновска во Солун ќе го потпише меморандумот за Вертикалниот гасен коридор

    Македонската берза речиси без промена: МБИ10 намален за 0,10 поени, најтргувани акциите на Алкалоид

    Македонската берза речиси без промена: МБИ10 намален за 0,10 поени, најтргувани акциите на Алкалоид

    Златото и среброто поевтинија на светските пазари

    Златото и среброто поевтинија на светските пазари

    Порано проблем беше невработеноста, денес – како да се пополнат слободните работни места

    Порано проблем беше невработеноста, денес – како да се пополнат слободните работни места

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    акцизи влада горива Мицкоски цена
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Божиновска: Регионалната поврзаност и инвестициите се клучни за енергетската безбедност

    05/09/2026

    Од утре целосно се отвора мостот на Маркова Река

    04/09/2026

    Божиновска во Солун ќе го потпише меморандумот за Вертикалниот гасен коридор

    03/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.