Американскиот претседател Доналд Трамп го прими новоизбраниот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, на средба во Белата куќа, која двајцата ја опишаа како продуктивна.
Средбата претставува драматичен пресврт во однос на претходната реторика на Трамп, кој Мамдани го нарекуваше – демократски социјалист – лудак и комунист.
Пријателскиот тон меѓу двајцата политичари ги изненади многумина, имајќи предвид дека Трамп со месеци жестоко го напаѓаше Мамдани и дури ги повикуваше гласачите да го поддржат неговиот противкандидат, поранешниот гувернер Ендрју Куомо. На прашањето за своите претходни напади, Трамп ја намали нивната важност, сугерирајќи дека Мамдани би можел да ги импресионира конзервативците.
На новинарско прашање дали смета дека стои покрај „џихадист“, како што Мамдани го нарече републиканската конгресменка Елиз Стефаник, Трамп решително одговори: „Не, не… Се сретнав со човек кој е многу рационална личност. Се сретнав со човек кој навистина сака да го види Њујорк повторно голем.“
Q: "Are you affirming that you think President Trump is a fascist?"@ZohranKMamdani: "I've spoken about."
President Trump: "That's okay. You can just say yes."
Mamdani: "Okay. Alright."
Trump: "It's easier than explaining it. I don't mind." pic.twitter.com/7VgsbGUelX
— CSPAN (@cspan) November 21, 2025
Од друга страна, кога Мамдани го прашаа за неговите критики кон Трамп, кого го нарекуваше „деспот“, новоизбраниот градоначалник истакна дека, и покрај идеолошките разлики, успеале да најдат заеднички јазик околу прашањето за намалување на трошоците за живот.
Трамп на тоа неформално добаци: „Ме нарекувале со многу полоши имиња од деспот.“
За време на триесетминутното обраќање до медиумите, новинарите неколку пати се обидоа да испровоцираат судир меѓу двајцата лидери. Кога една новинарка го праша Мамдани дали сè уште смета дека Трамп е фашист, претседателот ја прекина, го потапша Мамдани по раката и во шега му рече дека може „едноставно да каже да“. „Полесно е отколку да објаснуваш“, додаде Трамп.
