Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Хроника»(Видео) По бркотница на автопатот, полицијата запленила 65 кг. марихуана
    Хроника

    (Видео) По бркотница на автопатот, полицијата запленила 65 кг. марихуана

    04/04/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    МВР пред малку објави дека вчера од страна на полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР во содејство со САЕ Тигар беше спроведена оперативно-тактичка мерка “заседа”, долж автопатот “пријателство” во близина на Градско, со цел спречување на кривични дела поврзани со недозволена трговија со дрога на територијата на Р.С.Македонија, при што пресечен е транспорт на наркотична дрога -марихуана и запленета е поголема количина.
    Уапсени биле две лица.

    “Полициските службеници при ОСОСК и САЕ Тигар на наплатна рампа Стоби, забележале сомнително движење на патничко возило “сеат алтеа” со скопски регистарски ознаки, при што возачот на даден знак да застане со цел да биде легитимиран, со голема брзина се дал во бегство во правец кон Градско. За кратко време полициските службеници го пристигнале и пристапиле кон негово легитимирање и извршиле преглед на наведеното возило.
    Од извршениот преглед на патничкото возило “сеат алтеа” управувано од Ф.Н. пронајдени и одземени се четири црни торби, во кои биле сместени вкупно 65 кеси со растителна материја со вкупна тежина од 65 килограми и два телефонски апарати.

    Денеска (04.04.2026), од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основно Јавно Обвинителство Велес, ќе биде поднесена кривична пријава против Ф.Н.(38) од Скопје и Ј.М(55) од Кавадарци, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по чл.215 ст.1 од Кривичниот законик.
    Пронајдената растителна материја врз основа на издадена Наредба на јавен обвинител од ОЈО Велес, ќе биде предадена во Одделот за Форензички испитувања при Министерството за внатрешни работи,“ стои во објавата на МВР.

    Поврзани вести:

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    Тринаесетгодишно момче претепано од група малолетници во Влае

    Тринаесетгодишно момче претепано од група малолетници во Влае

    Мотоциклист од Гостивар „летал“ со 188 километри на час на автопатот Гостивар – Тетово, заработи кривична пријава

    Мотоциклист од Гостивар „летал“ со 188 километри на час на автопатот Гостивар – Тетово, заработи кривична пријава

    71-годишна жена тешко повредена по пад од балкон во Гостивар

    71-годишна жена тешко повредена по пад од балкон во Гостивар

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    17-годишник приведен во Скопје по пријава за однос со 14-годишна малолетничка

    19/10/2026

    21-годишен гостиварец тешко повреден во сообраќајка на булеварот „Браќа Ѓиноски“

    19/10/2026

    Уапсен 36-годишник од Неготино поради разбојништво во обложувалница

    19/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.