Скопскиот кривичен суд ги прогласи за виновни Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски за сурово малтретирање и убиство на кучето Феликс, кое умре на 7 јануари годинава како последици на нанесените повреди. Судот ги казни со три месеци за Крстевски, а 1.000 евра парична казна за Билбиловски.
Ова е прва пресуда во Македонија со затворска казна за мачење животни.
По угинувањето на кучето Феликс, се одржаа повеќе протести на кои граѓани, активисти и љубители на животни се собираа заеднички да побараат правда за убиеното куче и да испратат порака дека насилството врз животните мора да престане, а сторителите да бидат соодветно казнети.
ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ
Додади Коментар

