Поранешната министерка за екологија, Каја Шукова, актуелна потпретседателка на СДСМ, ќе биде кандидат за градоначалник на Скопје од редовите на опозициската партија, дознава Прва Скопска телевизија од високи партиски извори.
Иако, вчера архитектот Мишко Ралев, име кое се спомнуваше како можен кандидат најави дека останува во партиската трка за кандидат за прв човек на Градот, сепак, неофицијално, врвот на Партијата одлучил дека Шукова има повеќе шанси за успех.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
